„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Муртезани се сретна со новоименуваниот бугарски амбасадор: потенциран ангажманот за конструктивен дијалог со цел унапредување на добрососедските односи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG-20241022-WA0002

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со новименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Северна Македонија, Жељаско Радуков.

— реклама —

Министерот Муртезани изрази надеж за успешни парламентарни избори во Бугарија, гледајќи ги како важен чекор за унапредување на билатералните односи преку продлабочување на заемната доверба. Исто така, тој ја нагласи силната посветеност на Владата кон европската агенда и нејзините активни напори за постигнување достоинствено решение во контекст на исполнување на потребните услови за забрзување на процесот кон полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија, извести Министерството.

— реклама —

— реклама —

Муртезани и Радуков ја истакнаа важноста од консолидација на заемната доверба и соработка, особено во контекст на евроинтегративниот процес, на кој треба да се гледа како на заеднички стратешки приоритет. Разговорот го потенцираше ангажманот за конструктивен и транспарентен дијалог со цел унапредување на добрососедските односи и решавање на заедничките предизвици во духот на соработка и партнерство, се додава во соопштението на Министерството за европски прашања.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

murtezani-tirana-1

Средба на министрите Муртезани и Хасани - зајакнување на регионалната стабилност преку заеднички пристап во справување со предизвиците од европската агенда

Македонија | пред 11 месец

thumbnail_IMG-20241025-WA0014

Министерот Муртезани ја презентираше Реформската агенда пред новинарите

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања