„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Орхан Муртезани

murtezani-tirana-1

Средба на министрите Муртезани и Хасани - зајакнување на регионалната стабилност преку заеднички пристап во справување со предизвиците од европската агенда

Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, денеска во Тирана оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани. Оваа средба ја рефлектира зајакнатата билатерална посветеност за напредување на интегративниот пат кон ЕУ на двете пријателски земји.Во тој контекст, најнапред Муртезани упати честитки до албанскиот колега за неодамна одржаната втора Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што го започнува преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, според ревидираната методологија за проширување, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Темели“. Воедно, тој ја потенцираше подготвеноста на Северна Македонија за отпочнување на преговорите до крајот на годината, што би бил дополнителен импулс за континуитет на заедничките напори во пробивот на европскиот пат.Министрите Муртезани и Хасани го реафирмираа традиционалното пријателство и блиските билатерални односи и разговараа за интензивирање на дипломатските врски и зајакнување на регионалната стабилност преку заеднички пристап во справување со предизвиците од европската агенда.Тие ја нагласија важноста на регионалната солидарност во овој процес, како и заедничката решеност на Северна Македонија и Албанија да ги испорачаат потребните реформи кои се во согласност со европските стандарди. Министерот Муртезани посочи дека соработката на реформските агенди преку развивање заеднички планови за работа за клучните области овозможува поголема ефикасност и интензивирање на реформските процеси за двете земји.

Македонија | пред 11 месец

thumbnail_IMG-20241025-WA0014

Министерот Муртезани ја презентираше Реформската агенда пред новинарите

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утрово одржа тематски работен појадок со новинари, на кој ја презентираше Реформската агенда на Северна Македонија, која вчера беше и официјално одобрена од страна на Европската комисија. Овој настан беше можност за информирање на медиумите за клучните аспекти на Агендата, која се фокусира на спроведувањето на суштински социо-економски и фундаментални реформи во периодот 2024-2027 година, во согласност со Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан.Министерот Муртезани ги претстави главните елементи на Реформската агенда, вклучувајќи ја правната основа, структурата на реформите и индикаторите за нивно следење. Посебен акцент беше ставен на чекорите и условите за плаќање според Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, кој предвидува исплати врз основа на задоволително исполнување на реформските чекори. Преку оваа Агенда, земјата ќе добие пристап до финансиската помош на Европската Унија, со што се овозможува значително економско интегрирање и усогласување со европските стандарди.Муртезани истакна дека соработката со Европската комисија продолжува преку постојано следење на напредокот и исполнувањето на договорените реформи, со посебен фокус на владеењето на правото, борбата против корупцијата, развојот на пазарната економија и зајакнувањето на институциите.

Македонија | пред 1 година

IMG-20241022-WA0002

Муртезани се сретна со новоименуваниот бугарски амбасадор: потенциран ангажманот за конструктивен дијалог со цел унапредување на добрососедските односи

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со новименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Северна Македонија, Жељаско Радуков.Министерот Муртезани изрази надеж за успешни парламентарни избори во Бугарија, гледајќи ги како важен чекор за унапредување на билатералните односи преку продлабочување на заемната доверба. Исто така, тој ја нагласи силната посветеност на Владата кон европската агенда и нејзините активни напори за постигнување достоинствено решение во контекст на исполнување на потребните услови за забрзување на процесот кон полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија, извести Министерството.Муртезани и Радуков ја истакнаа важноста од консолидација на заемната доверба и соработка, особено во контекст на евроинтегративниот процес, на кој треба да се гледа како на заеднички стратешки приоритет. Разговорот го потенцираше ангажманот за конструктивен и транспарентен дијалог со цел унапредување на добрососедските односи и решавање на заедничките предизвици во духот на соработка и партнерство, се додава во соопштението на Министерството за европски прашања.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања