Промени тема
Контакт

МВР алармира: Лажни пораки од „Безбеден град“ мамат граѓани да плаќаат непостоечки казни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryutg66ivd5s6l3sK519Q

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи.

„Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок.

— реклама —

Апелираме до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвораат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот - официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка.

— реклама —

СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач "MVR-SC". Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок, и линк од следниот формат "https://safecountry.mvr.gov.mk..."

— реклама —

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами“, информираат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn0aee5oibrlpcJpDrhJ

Сузбиена криминална група за криумчарење и корупција: Одземени над 100.000 евра, лекови, суплементи и цигари

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
bolnica

35-годишник со тешки повреди: Од болницата каде што лежел рекле дека паднал од кревет, тој тврди дека бил нападнат од болничар

Македонија | пред 18 часа

media-librarygptvjv6fu3991qI9BV2

Жена нападната од сопругот во двор на црква

Македонија | пред 18 часа

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Седум возачи уапсени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања