Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформации објавени денеска од страна на една СДСМ дека наводно бил вршен притисок за како што велат „случајот да биде заташкан“ во кој на 25.09.2025 едно лице беше лишено од слобода поради безобзирно возење.
„Вистината е дека Министерството за внатрешни работи вчера (26.09.2025) објави за случајот и објавата ви ја пренесуваме во целост: На 25.09.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишија од слобода Н.Т.(27) од Пробиштип. При сообраќајна контрола со радар на експресен пат Кочани - Штип, констатирано е дека тој управувал патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки со брзина од 185 километри на час на место каде што дозволената брзина е 110 километри на час. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило““, објави МВР.
Скандал во Пробиштип, Ристовска: Синот на Тоневски возел 185 км/ч, СДСМ бара одговор од МВР
Весна Ристовска од СДСМ Пробиштип излезе со обвинувања за, како што рече, „аздисаноста на функционерите од ДПМНЕ и нивните семејства“, откако синот на кандидатот за градоначалник на Пробиштип, Тони Тоневски, бил „фатен како управува возило „ауди“ со брзина од 185 километри на час на место каде дозволената брзина е 110 километри на час“.„Сведоци сме на грубо кршење на Законот и покажување сила и моќ од страна на фамилија Тоневски со години наназад“, изјави Ристовска.аа потсети дека Тоневски, кој
Македонија | пред 10 месеци