Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

МВР ги повикува новинарите ако се соочуваат со закани, вербални или физички напади веднаш да ги пријавуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
272643859_231847399072949_1916634926903834340_n

Од МВР информираат дека е објавен регистарот за напади врз новинарите, коментирајќи дека безбедноста на новинарите е на врвот на приоритетите на Министерството за внатрешни работи.

-Слободата на медиумите и безбедноста на новинарите се столбот на демократското општество. Во тој контекст, Министерството за внатрешни работи ја истакнува својата постојана и активна соработка со здруженијата и институциите кои работат на заштита на правата и безбедноста на новинарите.

— реклама —

Како дел од таа заложба и меѓусебната блиска соработка меѓу МВР и ЗНМ на насловната веб страница на МВР поставен е линк до регистарот на напади врз новинари кој води до страницата на ЗНМ каде е објавен регистарот. Овој регистар прикажува случаи на повреди на правата на новинари — со детали за видот на нападот, локацијата, статусот на пријавата и постапката.

Безбедноста на новинарите за Министерството за внатрешни работи е еден од врвните приоритети и во изминативе години интензивно се работи на ова поле, а видливи се и резултатите од ваквата посветеност. Меѓу другото, беше одредена и контакт-точка, што многу придонесе за побрзо и поефикасно расчистување на случаите што се поврзани со новинарите. Се разбира, во координација со ЗНМ, Министерството за внатрешни работи продолжува да работи на ова поле.

— реклама —

Формирањето на националниот комитет за заштита на новинари претставува меѓуресорско тело комбинација од владини институции и невладини организации меѓудругото поврзани во новинарската фела. Процесот на формирање е во тек и по неговото финализирање една од примарните задачи ќе биде носењето на Национален акциски план за заштита на новинарите. Ова е процес кој се спроведува во рамки на кампањата на Советот на Европа Safety of Journalists, во координација со националната контакт точка.

— реклама —

Координацијата помеѓу полицијата, обвинителството и новинарските организации е на високо ниво и тоа многу придонесува за брзо и ефикасно решавање на случаите кои се однесуваат на новинарите. Ваквата соработка треба да продолжи и во наредниот период со цел понатамошно ефикасно расчистување на било каков случај на напад врз медиумски работник. Водејќи се од мотото „Секогаш може подобро“, полицијата, обвинителството и новинарските организации во голема мера во блиска иднина ќе ја зголемат и подобрат веќе постоечката висока меѓусебната соработка.

Прирачникот за безбедност на новинарите кој беше изработен во координација со ЗНМ и ОЈО се применува во МВР, а во текот на минатата година беше ажуриран. И понатаму во иднина ќе се обновува и ажурира се разбира во насока на понатамошно подобрување и зголемување на степенот на безбедност на новинарите, безбедност која е на врвот на приоритетите на раководството на МВР.

— реклама —

Министерството апелира до сите новинари доколку се соочат со закани, вербални или физички напади, или друг вид на притисок, веднаш да ги пријават случаите. Министерството за внатрешни работи е обврзано да ги санкционира сторителите и да го заштити правото на јавноста за слободно информирање.

Заедно со медиумските работници и граѓанските организации, продолжуваме да градиме безбедна средина каде новинарите можат слободно и без страв да ја извршуваат својата професија, велат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydthe7kctmhbvaUrmdBU

Полицијата постапува по пријавите за ученикот од Битола кој наводно се заканувал, повикан е родител

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarycrrnca6ehmbab3tw2Kn

Родители обвинија седмоодделенец од Битола објавил заканувачки список со соученици и родители на Тик-Ток

Македонија | пред 1 месец

media-library0c1d10tn5lbl6PRHVK6

Приведен жител на Стримница по закани со нож кон градоначалникот на Желино

Македонија | пред 5 месеци

media-library9lshji21uja744CRFS0

„Ќе те убијам” закани за инспектор кој обвини родители дека и тие треба да се на обвинителна клупа бидејќи пуштиле малолетни деца во „Пулс”

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања