МВР за „Скопје1“ потврди дека СВР Битола постапува по пријавите поврзани со ученикот од основното училиште „Стив Наумов“ во Битола, откако во јавноста се проширија тврдења дека се заканувал на соученици.
„Ве известуваме дека СВР Битола презема мерки по насоки на ОЈО Битола во врска со пријава од родители од ОУ ‘Стив Наумов’ од Битола. Во врска со случајот во СВР Битола е повикан родител на детето и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“.
Претходно, пораки во родителски групи и објави на социјалните мрежи предизвикаа паника, откако почнаа да се шират тврдења дека ученик од седмо одделение се заканувал дека ќе убива во училиштето.
Првичните информации биле дека заканите биле објавени на „ТикТок“, но засега нема доказ за директна закана, ниту објава со експлицитна содржина за напад.
Дополнителна вознемиреност предизвикала објава од ученикот на „ТикТок“ во која напишал: „Ќе ги посетам за брзо, 18 мај“, што дел од родителите и учениците го протолкувале како закана.
Директорот на училиштето, Никола Пискачев, за „Скопје1“ претходно изјави дека не е утврдена директна закана за убиство.
„Ниту една од овие содржини не може да се потврди како директна изјава на ученикот во која експлицитно стои закана од типот дека ќе ги убие соучениците“, изјави Пискачев.
Тој посочи и дека случајот е пријавен во полиција, Центар за социјални работи и надлежните институции, а училиштето апелираше за смиреност и внимателност, имајќи предвид дека станува збор за малолетник.
Ниту директна закана, ниту список со ученици: порака од седмоодделенец „ќе ве посетам на 18 мај“ предизвика паника во битолско училиште
Пораки во родителски групи и објави на социјалните мрежи предизвикаа паника во Битола, откако почнаа да се шират тврдења дека ученик од седмо одделение во основното училиште „Стив Наумов“ се заканувал дека ќе убива соученици.Првичните информации што се споделувале меѓу родители биле дека заканите биле објавени на „ТикТок“. Но засега, за таква директна закана нема никаков доказ. Нема објава со експлицитна закана, ниту фотографија или снимка од евентуално избришана содржина. Сепак, поради стравот
Македонија | пред 1 месец