Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

МВР го гони ексначалникот на единицата за компјутерски криминал: познати деталите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
DSC02123

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Р.А. од Скопје поради постоење основи за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.

— реклама —

Од МВР велат: Пријавениот, вработен како началник на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, во периодот од октомври 2022 година до јуни 2024 година, во месечни интервали и континуирано, две вработени со статус на овластено службено лице на работно место виш документарист во единицата, со кој што раководи, ги предвидувал и одобрувал во плановите и групите за домашно дежурство како извршители.

— реклама —
— реклама —

Пријавениот, постапувајќи спротивно на одредбите од Колективниот договор на МВР за домашно дежурство, на вишите документаристи кои немаат статус на полициски службеници им овозможил да бидат ангажирани за домашно дежурство, со што се стекнале со противправна имотна корист од 79.804 денари и за тој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и полицискиот службеник ќе биде суспендиран од своето работно место.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

Тројца повредени во судир на два мопеда во Маџари, еден е малолетник со тешки повреди

Македонија | пред 18 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си, вратен во затворот во Прилеп

Македонија | пред 18 часа

media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

„Јагуар“ удри осумгодишно девојче во Гостивар, детето е тешко повредено

Македонија | пред 18 часа

media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

Пет деца од Велес однесени во „СОС Детско село“, родителите приведени за запуштање и малтретирање

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања