Промени тема
Контакт

МВР објасни зошто има гужва на Табановце: Странците ги плаќаат и старите прекршоци уловени со „Сејф сити“, а не само оние од денеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryk59j43mqli1b5ldfn3Z

Поголемиот број возила што денес се појавуваат на Граничниот премин Табановце се должи на тоа што е прв ден од примената на механизмот за постапување со странските возила за кои системот „Безбеден град“ евидентирал сообраќајни прекршоци, а во постапката се опфатени и претходно евидентираните прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Од денес, при излез од Македонија преку Табановце, се постапува и со возачите на возила со странски регистарски таблички, за кои системот претходно регистрирал сообраќаен прекршок на територијата на државата.

— реклама —

На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок, по што им се издава записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, со можност казната да ја подмират согласно со законската постапка.

Од МВР велат дека преземаат активности за непречено спроведување на постапката и за намалување на задржувањето на патниците на граничниот премин.

— реклама —

Според Министерството, со воведувањето на механизмот се обезбедува еднаков и неселективен пристап во санкционирањето на сообраќајните прекршоци, без оглед на тоа дали станува збор за возила со домашни или странски регистарски таблички.

Примената на системот „Безбеден град“ за странските возила треба постепено да се прошири и на останатите гранични премини во државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi3b2bs9et7l27Vp13z6

Од утре камерите на „Безбеден град“ ќе казнуваат и во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz

Камерите на „Безбеден град“ ќе ловат нов прекршок со помош на вештачка интелигенција

Македонија | пред 1 седмица

media-librarys3mslbj8n2bn6k1tHJM

„Безбеден град“ почна да снима прекршоци и во Велес

Македонија | пред 1 месец

media-librarym30rofrhld2220GP5jD

(Фото) Ниту моторџиите не се „невидливи“ за камерите: „Безбеден град“ почна да ги казнува и моторите, ги лови задните таблици

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања