„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

МВР откри низа случаи поврзани со дрога низ државата – поднесени кривични пријави и извршени приведувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
IMG_5244

Во повеќе одделни полициски акции спроведени изминатиот период, МВР откри повеќе случаи поврзани со производство, трговија и поседување дрога. Десетици лица се приведени или пријавени, а кај дел од нив се одземени марихуана, хероин и други недозволени супстанци. Следуваат деталите од полицискиот билтен:

На 25.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода З.А.(38) од с.Арнакија, скопско и Ј.Т.(25) од Тетово затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случите ќе следуваат соодветни поднесоци.

— реклама —

СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Б.(41) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.06.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хероин и семки од растението канабис.

— реклама —

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.З.(22) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги’’. На 25.08.2025 во двор на основно училиште во с.Банско, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Марихуана е пронајдена и кај уште едно лице, која му ја дал пријавениот.

— реклама —

ОВР Валандово поднесе кривична пријава против М.Ј.(53) и Н.Ш.(32), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „безобѕирно управување со моторно возило“. На 26.07.2025 на влез во с.Јосифово, валандовско, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило „рено“, управувано од првопријавениот, при што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, а потоа при извршена анализа на урина кај пријавените е констатирано присуство на метаболити од тетрахидроканабиниол.

На 25.12.2025 во 17:26 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Скопје е пријaвено дека околу 16:30 часот при извршен претрес во соба кај притворениците Д.Д., Г.С., Р.М. и Х.У. е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8ttlch5d7lk0aVOhaT2

„Никој не е сам“: Центар дели пакети за Велигден

Скопје | пред 14 часа

media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd

Охридска полиција гони агенција за јавна набавка: Не ангажирале доволно лиценцирани лица

Охрид | пред 14 часа

media-librarylrvqcj55oi8d63ptYEz

Тешко повреден мопедист во сообраќајка во Скопје

Скопје | пред 15 часа

media-librarygqipt6kcm13i89ieplB

Скопје со бран инциденти: девојка нападната од група, тепачки на повеќе локации

Скопје | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања