Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

МВР отвори постапка по фотографиите со попот и осветувањето на полициските возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryovtf8fehm0ru0vta4q4

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема соодветни мерки и активности за целосно утврдување на околностите поврзани со фотографиите на кои се гледа верски обред врз службени полициски возила во кругот на Министерството.

„Во однос на објавените фотографии за кои прашувате, Министерството за внатрешни работи ве известува дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презема соодветни мерки и активности за целосно утврдување на околностите, по што јавноста ќе биде соодветно информирана“, наведуваат од МВР за „Скопје1“

Фотографиите, кои во изминатите денови се проширија на социјалните мрежи, предизвикаа бурни реакции во јавноста. На нив се забележува свештеник како врши верски обред и осветување на службени возила во дворот на МВР, при што се присутни и полициски службеници.

— реклама —

Дел од граѓаните го оправдуваат ваквиот чин, посочувајќи дека во православната традиција постои молитва за осветување на возила и дека станува збор за симболичен гест со цел заштита и безбедност. Наспроти тоа, друг дел од јавноста остро реагира, оценувајќи дека ваквата практика е спротивна на уставното начело на секуларност и дека државните институции мора да бидат верски неутрални.

Новинарот Фуркан Салиу од „ПорталХ“ јавно реагираше, оценувајќи дека не станува збор за традиција, туку за сериозно прашање на уставност.

— реклама —

„Полицијата во Македонија е мултиетничка, мултирелигиска и мора да им служи на сите еднакво. Таа не припаѓа на ниту една вера. Кога една вера добива официјален простор во полицијата, пораката до другите е јасна – оваа институција има доминантна вера. Ова не е симболика, туку институционализација на религијата и кршење на Уставот, кој ја дефинира државата како секуларна“, напиша Салиу.

— реклама —

Дебатата повторно го отвори прашањето за границата меѓу верските обичаи и функционирањето на секуларните државни институции, како и за потребата од јасни правила и одговорност во јавниот простор. Слични реакции во јавноста имаше и пред една година, кога беше извршен верски обред во Собранието.

Од МВР најавуваат дека по завршување на постапката за утврдување на фактите, јавноста ќе биде дополнително информирана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

Ноќна акција на МВР низ цела Македонија: 63 санкции за возење под дејство на алкохол

Македонија | пред 16 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

11 возачи уапсени за безобѕирно возење, осум немале возачка дозвола

Македонија | пред 16 часа

media-library5oep8ieapb7s0iMliQB

Негувателка во градинка удрила петгодишно дете

Македонија | пред 17 часа

media-library22ehvslmdm22arH0l94

61-годишен скопјанец му се заканувал на внукот и се обидел да го нападне со тврд предмет

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања