Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

МВР приведе 13 возачи за безобѕирно возење, меѓу нив и двајца малолетници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH
ФБ

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Од приведените, дури 11 управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, при што двајца од нив биле малолетници. Дополнително, две лица биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол.

Според информациите на МВР, во Скопје биле лишени од слобода четири лица, меѓу кои и еден малолетник, поради управување возило без возачка дозвола. По две лица биле приведени во Тетово и Куманово, при што во Тетово едно од лицата било малолетно.

— реклама —

По едно лице без возачка дозвола било затекнато во Гостивар, Кочани и Прилеп.

— реклама —

Во однос на возачите кои управувале возило под дејство на алкохол, по едно лице биле лишени од слобода во Пробиштип и Кавадарци.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Воедно, од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со цел заеднички да придонесат за побезбеден сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 9 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 9 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања