Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

МВР приведе 13 возачи за безобѕирно возење, најголем дел без возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryoj2260cusfgs5QkAM2n
unsplash

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, најголемиот дел од приведените, односно 11 лица, управувале возила без да поседуваат возачка дозвола. Еден возач бил затекнат под дејство на алкохол, додека едно лице управувало возило со брзина поголема од дозволената.

— реклама —

Во Скопје биле приведени две лица, од кои едното возело без возачка дозвола, а другото под дејство на алкохол.

Пет лица биле лишени од слобода во Прилеп и прилепско, а по едно лице во Гостивар, Кочани, Неготино, Кавадарци и Кичево, поради управување возило без возачка дозвола. Во Гевгелија, пак, било приведено едно лице поради управување со брзина значително поголема од дозволената.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Воедно, Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возила без положен возачки испит, под дејство на алкохол или во период кога им е изречена забрана за управување, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 12 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 12 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања