Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

МВР приведе 15 возачи без возачка дозвола, меѓу нив и тројца малолетници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода 15 возачи на територијата на целата држава поради безобѕирно управување со возило, при што било утврдено дека сите возеле без возачка дозвола.

— реклама —

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, меѓу приведените има и тројца малолетници, додека двајца од возачите претходно учествувале и во сообраќајни незгоди.

Според податоците на МВР, пет лица биле приведени во Тетово, од кои двајца се малолетници, тројца во Скопје, двајца во Прилеп, меѓу кои еден малолетник, а по едно лице во Делчево, Штип, Гевгелија, Зајас и Демир Хисар.

— реклама —

Од полицијата посочуваат дека еден од малолетниците во Тетово, како и уште еден од приведените возачи, претходно биле учесници во сообраќајни незгоди.

— реклама —

По целосното документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР упатија апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возила без положен возачки испит, доколку им е изречена забрана за управување или ако се под дејство на алкохол.

— реклама —

„Да придонесеме заеднички за побезбеден сообраќај“, порачуваат од Министерството за внатрешни работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 13 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 13 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања