Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

МВР приведе 17 возачи за безобѕирно возење: Петмина се малолетници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarylo58sl2lualj3eQ6hj9
фб

Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода 17 возачи низ државата поради безобѕирно управување со моторни возила, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Од нив, 14 лица биле затекнати како управуваат возило без да поседуваат возачка дозвола, а дури петмина биле малолетници. Дополнително, тројца возачи биле фатени како возат под дејство на алкохол.

— реклама —

Според податоците на МВР, во Скопје биле приведени шест лица, меѓу кои двајца малолетници, додека во Тетово биле лишени од слобода четири лица, од кои тројца малолетници. По едно лице било приведено во Куманово, Велес, Охрид и Прилеп поради управување возило без положен возачки испит.

Во Куманово, Македонска Каменица и Скопје биле откриени и тројца возачи кои управувале возила под дејство на алкохол. Во Скопје, еден од нив претходно со возилото „Форд“ удрил во паркирано возило од истата марка, при што била причинета материјална штета.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Министерството повторно апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не седнуваат зад волан без положен возачки испит, доколку им е изречена забрана за управување или кога се под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе за поголема безбедност во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 14 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 14 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања