Промени тема
Контакт

МВР приведе 20 возачи за безобѕирно возење: Малолетник и пијани возачи меѓу приведените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library56t6fcjl7jsebDDcXnh

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 20 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила.

— реклама —

Како што информира Министерството за внатрешни работи, од вкупно приведените, 16 лица управувале возило без возачка дозвола, меѓу кои и еден малолетник, додека четворица возачи биле затекнати како управуваат под дејство на алкохол.

— реклама —

Во Скопје биле приведени пет лица кои управувале возило без возачка дозвола, при што едно од нив било и под дејство на алкохол. Во Кочани биле лишени од слобода три лица, меѓу кои и еден малолетник, а по две лица биле приведени во Гостивар. По едно лице без возачка дозвола било затекнато во општина Кривогаштани, Градско, Кичево, Тетово, Штип и Прилеп.

Воедно, по едно лице во Прилеп, Виница, Куманово и Македонски Брод било лишено од слобода поради управување возило под дејство на алкохол.

— реклама —

По целосното документирање на случаите, против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе за поголема безбедност во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1h11163sfc1i4wdDVG5

Шест лица пријавени за фалсификување возачки дозволи, вработената во МВР незаконски додавала категории

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryiddqb4i8th916OUjGtF

(Видео) По бркотницата со полицијата, фатен дрвокрадецот во Куманово: превезувал огревни дрва без документација

Македонија | пред 19 часа

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Девет возачи уапсени, еден возел со 175 километри на час на делница со ограничување од 80

Македонија | пред 20 часа

pari-evra-policija

Дал 3.000 евра аванс за стока, но ниту ја добил ниту му ги вратиле парите

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања