Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

МВР приведе девет лица, дрога пронајдена и кај осуденик во Идризово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryj38lggjsfgck0BLrwQO
Илустрација / Скопје1

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода девет лица, откако кај нив биле пронајдени наркотични средства и други недозволени предмети.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во Скопје биле приведени Д.Г. (29), В.Б. (30), 16-годишник од Скопско и С.А. (25) од Турција со престој во Скопје, откако кај нив биле пронајдени бела грутчеста материја, марихуана и нож.

— реклама —

Во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, при претрес на осуденикот М.А. (53) од Скопје, кој се вратил од викенд-отсуство, биле пронајдени бела прашкаста материја и таблети.

— реклама —

На граничниот премин Табановце, при влез во државата, бил приведен Р.Ф. (26) од Германија, откако при преглед на неговиот багаж во возило со германски регистарски ознаки била пронајдена марихуана.

Во Кавадарци, полицијата ги лишила од слобода С.М. (44) и К.Ч. (44), двајцата од Кавадарци, откако при контрола на патничко возило кај С.М. биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана.

— реклама —

Во Неготино бил приведен 17-годишник, кај кого при преглед била пронајдена марихуана.

— реклама —

Во Тетово, пак, бил лишен од слобода Б.Ш. (23) од село Лешок, откако при преглед на неговото возило биле пронајдени марихуана, дробилка, бејзбол палка и метален боксирач.

Од МВР соопштија дека по целосното документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 6 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 6 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања