Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

МВР приведе осум безобѕирни возачи: Седум без дозвола, еден возел и покрај забрана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Полициски службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода осум возачи поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според МВР, седум од приведените управувале возила без да поседуваат возачка дозвола, додека едно лице возело и покрај тоа што имало активна забрана за управување.

— реклама —

Тројца од возачите биле затекнати на подрачјето на Скопје, а по едно лице било приведено во Кичево, Тетово, Кавадарци и Кочани. Во Кичево, пак, бил лишен од слобода и возач кој управувал возило и покрај изречената мерка за забрана.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена забрана за управување или се под дејство на алкохол, со цел сите заеднички да придонесат за побезбеден сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 18 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 18 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања