Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

МВР со акција на терен: 11 возачи уапсени - седум без дозвола, еден пијан, еден со забрана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
policija-policaec

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 11 возачи поради различни форми на безобѕирно управување возило, соопшти МВР.

— реклама —

Од нив, седуммина управувале возило без возачка дозвола – четворица во Скопје, двајца во Тетово и еден во кумановско. Во Дебар е лишено од слобода лице кое управувало возило и покрај активна забрана, додека во Битола е приведен возач кој бил под дејство на алкохол.

— реклама —

Во Градско е регистриран случај на возење со брзина поголема од дозволената, а во Кочани е затекнат возач кој се движел во спротивна насока.

— реклама —

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол или со изречена забрана, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 17 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 17 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања