Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

МВР со акција низ државата: Осум возачи приведени за безобѕирно управување возило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryjh6cmt9f9vlg5FI1D6d

Осум возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Од приведените, тројца управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Е.Л. (21), Д.С. (53) и Н.И. (24), сите од Скопје.

— реклама —

Четворица возачи биле затекнати како управуваат патнички возила под дејство на алкохол. Тоа се А.С. (28) и И.Б. (61) од Скопје, Ј.К. (36) од Крива Паланка и И.Ј. (54) од селото Клечовце, кумановско.

Полицијата го лишила од слобода и Џ.М. (45) од селото Калково, валандовско, кој управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Министерството упати апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана или под дејство на алкохол, со цел заеднички да придонесат за поголема безбедност на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 12 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 12 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања