Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

МВР со биланс: Напади, агресивно однесување и пожар во новогодишната ноќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
pozarna-avtobus-nokje

Во текот на последниот ден од 2025 година и првите часови од 2026 година, на подрачјето на Скопје биле регистрирани повеќе инциденти поврзани со физички напади, нарушување на јавниот ред и мир и еден пожар, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

На 31 декември во 10:40 часот, во СВР Скопје била пријавена физичка пресметка во парк во населбата Влае, при што, според пријавата на 42-годишна жена од село Волково, нејзината 16-годишна ќерка била нападната од двајца малолетници кои ги познавала. Настанот се случил претходната вечер околу 22:30 часот, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Истото попладне, во 17:10 часот, полициски службеници го привеле 42-годишниот С.Т. од Радовиш, кој на подрачјето на Општина Аеродром се однесувал агресивно и предизвикал нарушување на јавниот ред и мир во конфликт со три лица од Скопје. Кратко потоа, во 17:45 часот, во катна гаража во централното градско подрачје, по претходна расправија, избила физичка пресметка меѓу четири лица, од кои едно е државјанин на Сојузна Република Германија.

— реклама —

Во 19:30 часот, по расправија за паркинг-место во центарот на градот, полициски службеници привеле тројца скопјани кои учествувале во меѓусебна физичка пресметка. Нешто подоцна, во 20:20 часот, 30-годишна жена пријавила дека била физички нападната од друго женско лице пред угостителски објект во централното подрачје на Скопје.

— реклама —

Во првите часови од Новата година, во 04:15 часот, по завршување на забава во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, полицијата го привела 34-годишниот Д.М. од Валандово поради агресивно однесување кон полициски службеници за време на извршување на службени дејствија.

Покрај нарушувањата на јавниот ред и мир, на 31 декември во 22:20 часот, во СВР Скопје било пријавено и дека во населбата Гази Баба избувнал пожар во штала во сопственост на 41-годишен скопјанец. Повредени лица нема, а пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Извршен бил увид од надлежните служби.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

oruzje

Две лица од Радолишта приведени поради нелегално оружје, пронајдени пиштоли и муниција

Македонија | пред 18 минути

media-libraryobodqo8jcvav7Qe15vw

Скопјанец со 3,29 промили алкохол предизвика сообраќајна несреќа

Македонија | пред 1 час

puska

Пронајдени три пушки при претрес во Старо Нагоричане, приведен 77-годишник

Македонија | пред 1 час

media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Возач прегази пешак во Скопје и побегна, полицијата го уапси

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања