Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

МВР со повеќе интервенции – возење без возачки дозволи и со забрана за возење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryfsjiktkafo8n7WThDdx

СВР Битола и ОВР Прилеп соопштија дека на 28.04.2026 година се лишени од слобода три лица во одделни случаи поради сообраќајни прекршоци.

— реклама —

Во Битола, во 23:50 часот на улицата „Климент Охридски“, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ѓ.М. (24) од Битола. При контрола во сообраќајот било запрено патничко возило „Фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека управувал возило за време на изречена мерка – забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

— реклама —
— реклама —

Во посебен случај, во 11:50 часот во село Канатларци, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.С. (55) од село Ерековци. При сообраќајна контрола било запрено возило „Киа“ со битолски регистарски ознаки, при што е утврдено дека возачот не поседува возачка дозвола. Против него ќе следува соодветна пријава по целосно расчистување на случајот.

— реклама —

Исто така, во 14:10 часот во село Канатларци, прилепско, лишен од слобода е и И.М. (48) од истото село. При контрола е запрено возило „Фолксваген Поло“ со прилепски регистарски ознаки, при што било утврдено дека возачот исто така не поседува возачка дозвола. И во овој случај, по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 20 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 20 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања