Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

МВР со превентивни акции за безбеден сообраќај, заштита од пожари и спречување бесправна сеча

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarys3rfga96lgp32DW9EYn

Министерството за внатрешни работи информира дека во повеќе градови низ државата биле спроведени превентивни активности насочени кон зголемување на безбедноста во сообраќајот, како и заштита од пожари и незаконска сеча на дрва.

— реклама —

Во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и мото-клубови од градот, реализирале акција „Вози безбедно на мотор“. На возачите им било укажувано на почитување на сообраќајните правила и задолжително носење заштитен шлем, како за возачите, така и за сопатниците.

— реклама —

Во Штип и Свети Николе, полициски службеници од СВР Штип спровеле активности за правилно паркирање и користење сигурносен појас. На граѓаните им било посочено дека користењето сигурносен појас е законска обврска и значително придонесува за личната безбедност. Во рамките на акцијата бил поделен и едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и Факултетот за безбедност – Скопје.

— реклама —

Во Берово и Пехчево, пак, биле реализирани превентивни активности за спречување пожари и незаконска сеча на шуми. Полициските службеници разговарале со граѓаните за потребата од совесно однесување и заштита на шумскиот фонд, а им било укажано и дека бесправната сеча и предизвикувањето пожари претставуваат кривични дела казниви со закон.

— реклама —

Во акциите бил поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 4 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 4 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања