Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

МВР спречи нелегален транспорт на јод, уапсени државјанин на Турција и жител на Липково

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
apsenje

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 22 јануари 2026 година, околу 3:10 часот, на паркинг-простор од бензинска пумпа на автопатот Куманово – Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност ги лишиле од слобода Б.К. (40) од Турција и А.Д. (56) од селото Слупчане, општина Липково.

— реклама —

Според пријавеното, по преземени полициски мерки, Б.К. бил затекнат како од автобусот со кој патувал од Турција кон Косово извадил еден пакет и му го предал на А.Д., кој пристигнал со патничко возило „цитроен Ц5“ со кумановски регистарски ознаки. Откако А.Д. го презел пакетот и го ставил во возилото, бил запрен од полициските службеници, кои извршиле контрола.

— реклама —
— реклама —

При контролата, во пакетот била пронајдена материја – јод, без соодветна документација. Станува збор за супстанција за која внесувањето, чувањето и продажбата подлежат на посебни лиценци издадени од Министерство за здравство.

— реклама —

Двете лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Возач прегази пешак во Скопје и побегна, полицијата го уапси

Македонија | пред 10 часа

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

По недоразбирање го пресретнале со две возила, еден од нив му вперил пиштол и го нападнал со кундакот

Македонија | пред 16 часа

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Жена пријавила дека сопругот во бракоразводна постапка ја следел и испраќал фотографии од локацијата на нејзиниот син, а преку друго лице му упатил закани на нејзиниот син

Македонија | пред 16 часа

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Приведен скопјанец осомничен за напад врз својата партнерка

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања