Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

МВР за шест часа казни 628 возачи за пребрзо возење низ цела Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

Во засилена сообраќајна контрола спроведена низ цела Македонија, МВР констатирало 628 прекршоци за надминување на дозволената брзина.

— реклама —

Контролата била спроведена на 4 октомври, во периодот од 14 до 20 часот, од страна на Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Од вкупниот број прекршоци, 344 биле констатирани кај возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, додека 284 прекршоци се однесувале на возачи кои возеле побрзо од дозволеното во населено место.

За сите утврдени прекршоци биле преземени соодветни мерки и изречени санкции согласно со законските прописи.

— реклама —

Во текот на контролата биле констатирани и 66 други сообраќајни прекршоци.

МВР најавува дека продолжува со засилените сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и намалување на ризиците поврзани со непочитувањето на ограничувањата на брзината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt02gl61tb0qfddY859l

Нападнале 63-годишна жена во Скопје и ѝ ја украле ташната, полицијата приведе 19-годишник и 15-годишник

Скопје | пред 7 часа

— реклама —
media-library0nqdf883a6vhcpWBDEA

(Видео) Пронајден скопјанецот кој возеше по велосипедска патека во Бутел - полицијата го казни

Скопје | пред 9 часа

uapsen

Напади врз сопруги, деца и полицаец, приведени повеќе лица

Македонија | пред 11 час

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

МВР приведе 12 возачи за безобѕирно управување, седум возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања