Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Национални шуми оштетени за над 280.000 денари, поднесена кривична пријава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarymk9vuja4523j1xHxvXG

Од МВР информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против В.Р. (56), З.П. (61) и А.А. (60), сите од општина Вевчани, поради сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

— реклама —

Според полицијата, првопријавениот, како раководител во Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ – Струга, не извршил соодветен надзор врз постапките за сеча, транспорт и наплата на дрвна маса, со што, како што се наведува, не спречил незаконски активности и овозможил стекнување противправна имотна корист.

— реклама —

Второпријавениот, како референт за користење, заштита и одгледување на шуми во ПШС „Јабланица“, пропуштил должен надзор врз сечата и транспортот на дрвната маса.

— реклама —

Третопријавениот, референт за сеча и дотур, искористувајќи ја службената положба, издавал испратници за превоз на бесправно исечена дрвна маса директно на физички лица, иако, како што се наведува, бил свесен дека тоа е спротивно на законските и подзаконските акти за шумско работење и жигосување на дрва.

— реклама —

Со ваквите дејствија, според МВР, е причинета материјална штета на ЈП „Национални шуми“ и државниот буџет во износ од 280.436 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 14 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 14 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања