Промени тема
Контакт

Националниот парк „Маврово“ со засилени контроли против бесправниот риболов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryp9eoph49phn89e0khXm

Незаконски поставени риболовни мрежи се пронајдени и отстранети од Мавровското Езеро при редовна контрола спроведена од овластени лица на Националниот парк „Маврово“.

За случајот е известена Полициската станица во Маврови Анови, а во координација со надлежните институции се преземаат мерки за утврдување на околностите и одговорноста.

— реклама —
— реклама —

Од Националниот парк најавуваат дека контролите на езерото ќе продолжат со цел заштита на рибниот фонд и спречување на незаконското користење на природните ресурси.

Граѓаните, риболовците, посетителите и љубителите на природата се повикуваат да пријават незаконски риболов, поставување мрежи или други активности со кои се загрозува природата. Од паркот посочуваат дека сите утврдени прекршувања ќе бидат документирани и пријавени, а сторителите ќе одговараат согласно со закон.

— реклама —

Од Националниот парк „Маврово“ нагласуваат дека заштитата на езерото е заедничка одговорност на институциите и граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања