Националниот парк „Маврово“ со засилени контроли против бесправниот риболов
Незаконски поставени риболовни мрежи се пронајдени и отстранети од Мавровското Езеро при редовна контрола спроведена од овластени лица на Националниот парк „Маврово“.За случајот е известена Полициската станица во Маврови Анови, а во координација со надлежните институции се преземаат мерки за утврдување на околностите и одговорноста.Од Националниот парк најавуваат дека контролите на езерото ќе продолжат со цел заштита на рибниот фонд и спречување на незаконското користење на природните ресурси.Гр
Македонија | пред 3 часа