Промени тема
Контакт

Од утре забрана за риболов на Мавровско Езеро, ограничена и пловидбата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library0us547u53uk1cNKAGP7

Привремено се забранува риболовот на Мавровското Езеро, а ќе биде ограничено и користењето на пловни објекти поради одржувањето на Светското првенство во риболов.

Од Јавната установа Национален парк „Маврово“ информираат дека забраната за спортски, рекреативен и секој друг вид риболов стапува во сила од 26 август и ќе трае до 7 септември 2026 година, односно до целосното завршување на првенството.

Одлуката е донесена со цел да се заштити вонредно извршеното порибување, наменето за натпреварот, кој е официјален настан од највисок ранг во рамките на FIPSed.

— реклама —
— реклама —

Во истиот период се забранува, односно се ограничува и пловидбата и користењето на сите пловни објекти на Мавровското Езеро.

— реклама —

Од забраната се изземени пловните средства на полицијата, службите за спасување и другите надлежни институции, кога нивното користење е неопходно за безбедноста и организацијата на настанот.

Од Националниот парк ги информираат спортските риболовци и останатите корисници на езерото да ги почитуваат мерките во наведениот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања