Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Над 14.500 матуранти од следната сабота ќе полагаат државна матура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
drzavna-matura

Повеќе од 14.500 матуранти ќе го започнат полагањето на екстерните испити од државната матура следната сабота, на 6 јуни, соопшти Државниот испитен центар (ДИЦ).

— реклама —

Според податоците на ДИЦ, во учебната 2025/2026 година се пријавени вкупно 14.587 ученици, од кои 12.184 за државна матура, 2.276 за државна стручна матура и 127 за државна уметничка матура.

— реклама —

Првиот екстерен испит ќе започне во 9 часот, а матурантите ќе полагаат странски јазик, математика или историја, во зависност од видот на матурата. Најголем интерес има за англискиот јазик, за кој се пријавени 13.208 кандидати.

Задолжителниот испит по мајчин јазик и литература ќе се одржи на 11 и 12 јуни. Македонски јазик ќе полагаат 9.810 ученици, албански јазик 4.199, турски јазик 360, а српски јазик пет кандидати.

— реклама —

Од Државниот испитен центар информираат дека подготовките за спроведување на матурските испити се одвиваат според планираната динамика и дека се обезбедени услови за фер и непречено полагање.

— реклама —

За реализација на испитите ќе бидат ангажирани околу 2.500 тестатори и 200 набљудувачи, а во просториите каде што ќе се полага матурата ќе биде забрането користење мобилни телефони и други електронски уреди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

drzavna-matura

Само шеесетина ученици отстранети од матурата поради препишување

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryc7se4aes0h4u9O2G49x

Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти

Македонија | пред 2 седмици

drzavna-matura

Почна полагањето матура со предупредување: Фатен препишувач – пауза една година

Македонија | пред 1 година

drzavna-matura.jpg.-960x540-1-696x392-1

Вo сабота почнува полагањето на државната матура со тестот од првиот екстерен испит

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања