Промени тема
Контакт

Над 200 пациенти дневно со стомачни тегоби во Гостивар, Клековски: Засега нема да биде прогласена епидемија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryqk9pqkn2kc5o8KfsDyx

Министерот за здравстов, Сашо Клековски денеска беше во посета на гостиварската општа болница. Тој во изјава за медиумите истакна дека прогласување епидемија во Гостивар нема да има, сè додека не се утврди причината за големиот заболени и стомачни тегоби.

Тој информираше дека бројот на пациенти кои се јавуваат со слични симптоми, од благи стомачни проблеми со дијареја и повраќање, до некои пациенти имаат и температура. Најголем дел од пациентите се третираат за дехидратација со инфузија, витамини и друга симптоматска терапија, по што се пуштаат на домашно лекување.

„Првите пациенти се јавиле на ноќта на 13-ти јули и оттогаш таа бројка е прилично константна. Над 200 граѓани се јавуваат дневно во болницата за интервенција. Во последните 24 часа има 100 побарани интервенции на педијатрија и 160 побарани интервенции на инфективното одделение“ рече Клековски.

— реклама —

Министерот Клековски изјави дека од вчера се зема колпокултура и се прават сите неопходни лабораториски анализи и е проширена можноста да се бараат траги од адено и рота вирус.

„Значи, повеќе институции вклучени во епидемиолошкиот дел и повеќе типови на истраги, за да се исклучат сите опции: од тешки метали, од паразити, вируси, бактерии. Ни требаат многу повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот и да ги поврземе можните извори“, рече министерот Клековски.

Во врска со изјавата на директорката на ЈП Комуналец дека водата не била причина за заболувањата, туку храната, министерот Клековски посочи тоа е работа на епидемиолозите.

— реклама —

„Ниту јас, ниту директорката на јавното претпријатие сме некои што можеме да посочиме причинител. Има епидемиолози, тоа е работа на епидемиолозите. Има Центар за јавно здравје, има Институт за јавно здравје, мислам дека треба да се очекува нивна оценка. Можам неформално да коментирам дека шансата 1000 луѓе да се затрујат од храна се многу мали. Дополнително, ова трае веќе 4 дена, така да, за мене храната логички е исклучена како можен извор, рече министерот Клековски.

Тој изрази надеж дека повеќе резултати од анализите на водата од гостиварскиот водовод ќе има од понеделник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarytp2hnvmn1344auF63Vn

Силен мирис на запалено во Гостивар, Ангелов: Не гори Русино, ниту дивата депонија во Чегране

Македонија | пред 2 седмици

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања