Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Над 3.000 патници во еден ден“ – Мицкоски најави дуплирање и триплирање на бројките на Охридскиот аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryot1vi7922gln5eTjZo9

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, на отворањето на реконструираната терминална зграда на Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, оцени дека станува збор за значаен исчекор во подобрувањето на квалитетот на услугите што ги нудат македонските аеродроми.

Мицкоски посочи дека со реконструкцијата Охридскиот аеродром добива поинаква динамика, квалитет и изглед, изразувајќи уверување дека во периодот што следува ќе се зголемуваат и бројот на патници и бројот на авиокомпании што ќе ги користат неговите услуги.

— реклама —

Тој нагласи дека Владата ќе продолжи да ја поддржува оваа активност, со цел дополнително да се зголеми бројот на патници и авиокомпании, оценувајќи дека Охридскиот аеродром е значајна алка за развојот на целиот регион, но и на македонската економија.

Според Мицкоски, поголемиот број туристи и зголемениот туристички потенцијал ќе имаат директно влијание врз развојот на Охрид, Струга и останатите општини во близина на аеродромот.

Премиерот посочи и дека годинава Охридскиот аеродром бележи рекордни резултати. Како што рече, имало ден со повеќе од 3.000 патници, што е најголем број патници во еден ден во историјата на аеродромот, како и ден со повеќе од 20 полетувања.

— реклама —

„Јас сум убеден дека во периодот којшто претстои со овие градежни активности и поддршката којашто ја даваме како Влада, овие бројки ќе се дуплираат, ќе се триплираат и ќе дојдеме до оние бројки коишто претставуваат наш нов таргет“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека целите поставени пред речиси две децении одамна се надминати и дека сега се поставуваат нови таргети за развојот на македонските аеродроми.

— реклама —

Мицкоски истакна дека Владата ќе продолжи да инвестира во инфраструктурата со цел Македонија да се позиционира како крстосница во регионот, што, според него, претставува значајна стратешка предност.

Премиерот се осврна и на состојбите во земјата, при што призна дека сè уште постојат бројни проблеми што треба да се решат, но изрази уверување дека Македонија денес е подобро место за живеење отколку пред три години.

„Јас знам дека имаме сè уште многу проблеми за решавање. Знам дека можеби сè уште не се живее онака како што посакуваме да се живее, но исто така сум убеден дека со сите овие инвестиции коишто ги прави македонската Влада, со сите овие активности коишто ги правиме како Влада, денеска Македонија е многу подобро место за живеење од тоа што беше пред три години“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека очекува за три години Македонија да биде уште подобро место за живеење, посочувајќи ја мотивираноста на Владата и поддршката од граѓаните како основа за продолжување на работата.

media-libraryume37h0e4tda2shAPm6

По 56 години, Охридскиот аеродром доби нова терминална зграда: „Отворивме практично нов аеродром“, вели Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, изјави дека со завршувањето на реконструкцијата на терминалната зграда и помошните простории, Охридскиот аеродром добива значително подобри услови и подобро искуство за патниците.„Навистина сум пресреќен што денеска, после напорна работа, успеваме да отвориме практично нов аеродром, односно успеваме да отвориме една терминална зграда заедно со помошни простории коишто значат многу, многу подобро искуство за патниците споредено со претх

Македонија | пред 2 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 19 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 19 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања