Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Над 4.000 случаи на заболувања слични на грип во Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
grip

Институт за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ соопшти дека на територијата на Србија од 4 април до 10 мај биле регистрирани 4.031 случаи на заболувања слични на грип.

Според најновите податоци, инциденцата изнесува 60,49 случаи на 100.000 жители, а стапката е за 9,53 отсто пониска во однос на претходната недела.

— реклама —

Од „Батут“ наведуваат дека највисоки стапки и натаму се регистрираат кај децата до четиригодишна возраст, како и кај групата од пет до 14 години.

Епидемиолошките показатели покажуваат дека во Србија е регистрирана географска распространетост на основно, вонепидемиско ниво, додека клиничката активност на грипот останува под епидемискиот праг, со стабилен тренд на инциденца.

— реклама —

Во истиот период, според податоците од сентинелниот надзор над акутните респираторни инфекции, биле регистрирани вкупно 10.237 случаи, со стапка на инциденца од 823,89 на 100.000 жители.

— реклама —

Во извештајната недела не биле лабораториски потврдени случаи на вирус на грип на територијата на Србија.

Според прегледот на состојбата во европскиот регион на Светска здравствена организација, стапките на заболувања слични на грип се над вообичаеното ниво само во Казахстан, додека ниту една земја или област не пријавила зголемени стапки на акутни респираторни инфекции.

— реклама —

„Процентот на позитивност на вирусот на грип изнесуваше еден отсто, што е под епидемискиот праг од 10 проценти“, се наведува во соопштението.

Од „Батут“ потсетуваат дека епидемиолошкиот надзор над грипот за сезоната 2025/2026 започнал на 29 септември 2025 година и дека континуирано се следат епидемиолошките, клиничките и вирусолошките карактеристики на заболувањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 12 часа

— реклама —
media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 1 ден

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 2 дена

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања