Промени тема
Контакт

Над 70 лекари заразени со ебола во Конго, 17 починале

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
ebola

Најмалку 75 лекари во Демократска Република Конго се заразиле со ебола од почетокот на актуелната епидемија, а 17 од нив починале, соопшти висока претставничка на Светската здравствена организација.

— реклама —

Мари Розелин Белизер, говорејќи преку видеоврска од Демократска Република Конго, изјави дека здравствените работници се меѓу најпогодените категории во борбата со опасниот вирус.

— реклама —

Според најновите податоци, во земјата се регистрирани повеќе од 800 случаи на заболени од редок вид на вирусот ебола, за кој засега не постои вакцина. Од почетокот на епидемијата починале 192 лица.

— реклама —

Координаторот на операциите на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Бруно Мишон, предупреди дека епидемијата на истокот од земјата сè уште не го достигнала својот врв и би можела да трае до една година.

Здравствените власти и меѓународните организации продолжуваат со напорите за ограничување на ширењето на вирусот и заштита на медицинскиот персонал, кој се наоѓа на првата линија во справувањето со кризата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrmm7u1og4gqh2Etpspm

Кенија го потврди третиот случај на ебола, заразена е 65-годишна жена

Свет | пред 3 часа

— реклама —
ebola

Кенија го потврди првиот случај на ебола, пациентот починал

Свет | пред 1 седмица

ebola

Најсмртоносна епидемија на ебола во историјата на Конго: над 8.000 заразени и речиси 4.000 починати

Свет | пред 2 седмици

ebola

Епидемијата на ебола во Конго се шири: над 7.800 заразени и речиси 3.800 починати

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања