Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Голем чекор во борбата против еболата: Се испитуваат две нови потенцијални вакцини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 минути -

Свет
fajzer-vakcina-vakcinacija-1
Илустрација

Две потенцијални вакцини против ебола добија препорака за вклучување во клинички испитувања во Демократска Република Конго, каде што од мај трае епидемија на болеста. Станува збор за тоа првпат да се испитуваат вакцини специјално создадени за заштита од вирусот Бундибуџо, кој е причинител на актуелната епидемија.

— реклама —

Препораката ја дадоа стручни групи свикани од Светската здравствена организација (СЗО), врз основа на достапните претклинички и првични клинички резултати. Станува збор за вакцината „ChAdOx1“, развиена од Универзитетот во Оксфорд и Индискиот институт за вакцини, како и за „mRNA-1469“ на американската компанија „Модерна“.

— реклама —

Според податоците на Министерството за здравство на Конго, од почетокот на епидемијата досега починале 5.026 лица, а повеќе од 10.350 се заразиле.

— реклама —

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, оцени дека подготвеноста на вакцините за клиничко испитување ја покажува силата на науката и меѓународната соработка. Тој истакна дека вакцините сами по себе нема да ја запрат епидемијата, но би можеле да станат значајна алатка за нејзино ставање под контрола.

— реклама —

Испитувањето го предводи Националниот институт за биомедицински истражувања на Демократска Република Конго, со поддршка од Универзитетот во Антверпен, СЗО и други партнери. Првите резултати од испитувањето на терапиите се очекуваат во наредните месеци, додека резултатите од испитувањето на вакцините се најавени за почетокот на 2027 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ebola

Преживеан од ебола сега им помага на заразените деца во Конго

Свет | пред 2 дена

— реклама —
ebola

Епидемијата на ебола се прошири во осмата провинција во Конго, над 4.000 починати

Свет | пред 2 седмици

ebola

Четири нови случаи на ебола во Кенија, расте загриженоста во регионот

Свет | пред 2 седмици

media-libraryrmm7u1og4gqh2Etpspm

Кенија го потврди третиот случај на ебола, заразена е 65-годишна жена

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања