Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Над 11.000 заразени со ебола во Конго, речиси половина починале

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 минути -

Свет
ebola

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго досега однела голем број животи, а во последните шест месеци се регистрирани повеќе од 11.000 случаи на зараза. Речиси половина од заразените починале, објави германската новинска агенција ДПА.

— реклама —

Здравствените стручњаци предупредуваат дека вистинскиот број на жртви можеби е и поголем, бидејќи вирусот можел да се шири незабележано уште од февруари, неколку месеци пред епидемијата официјално да биде прогласена на 15 мај.

— реклама —

Особено загрижувачки е тоа што за сојот на вирусот Бундибуџо, кој ја предизвикува сегашната епидемија, нема одобрена вакцина ниту специфичен лек. Раните симптоми наликуваат на оние кај други заболувања, како маларијата, што може да го одложи изолирањето и лекувањето на заразените.

— реклама —

Еболата досега се проширила во осум провинции во Демократска Република Конго, но и надвор од нејзините граници. Случаи на зараза се регистрирани и во Кенија, Нигерија и Уганда.

— реклама —

Според здравствените служби, најпогодени се децата, кои сочинуваат значителен дел од потврдените случаи и се изложени на поголем ризик од смртен исход.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ebola

Епидемијата на ебола во Конго излегува од контрола, заразени се над 11.000 луѓе

Свет | пред 1 ден

— реклама —
fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Голем чекор во борбата против еболата: Се испитуваат две нови потенцијални вакцини

Свет | пред 1 седмица

ebola

Преживеан од ебола сега им помага на заразените деца во Конго

Свет | пред 1 седмица

ebola

Епидемијата на ебола се прошири во осмата провинција во Конго, над 4.000 починати

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања