Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Епидемијата на ебола во Конго надвор од контрола: Над 5.500 починати и 11.000 заразени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 12 минути -

Свет
ebola

Епидемијата на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго (ДРК) и по шест месеци од нејзиното прогласување останува надвор од контрола, со постојан раст на бројот на заразени и починати, објавуваат британските медиуми.

— реклама —

Според податоците на владата на ДРК, од прогласувањето на епидемијата на 15 мај досега се заразиле повеќе од 11.000 луѓе, а над 5.500 починале.

— реклама —

Епидемијата е предизвикана од редок сој на вирусот бундибугио и веќе се смета за втора најголема епидемија на ебола досега. Нејзиното ширење се одвива побрзо од она на која било претходна епидемија, а бројот на заразени и починати расте двојно побрзо отколку во првите шест месеци од епидемијата во Западна Африка, која траеше од 2014 до 2016 година.

Според Светската здравствена организација, во тогашната најголема епидемија на ебола во историјата биле заразени повеќе од 28.600 лица, а над 11.000 починале, главно во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

— реклама —

И покрај значителната меѓународна помош, напорите за запирање на епидемијата во Конго се соочуваат со сериозни пречки. Недостигот од ресурси, безбедносната нестабилност и слабата координација ја отежнуваат работата на здравствените служби.

— реклама —

Дополнителен проблем е недовербата на дел од локалното население кон странските здравствени работници, кои се соочуваат и со напади во заедниците во кои се обидуваат да помогнат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ebola

Над 11.000 заразени со ебола во Конго, речиси половина починале

Свет | пред 4 дена

— реклама —
ebola

Епидемијата на ебола во Конго излегува од контрола, заразени се над 11.000 луѓе

Свет | пред 5 дена

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Голем чекор во борбата против еболата: Се испитуваат две нови потенцијални вакцини

Свет | пред 1 седмица

ebola

Преживеан од ебола сега им помага на заразените деца во Конго

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања