Промени тема
Контакт

Над две третини од запленетата дрога во Струмица поврзани со фирми блиски до СДС и Заев, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarykdobgsm4jilr9zopxjB

ВМРО-ДПМНЕ денеска изнесе сериозни обвинувања во врска со големата заплена на дрога во струмичкиот регион, оценувајќи дека случајот по своите размери и начинот на функционирање потсетува на најмрачните периоди од светската криминална историја. Според партијата, над две третини од вкупно 27 тони запленета марихуана се поврзуваат со фирма блиска до СДС и до поранешниот премиер Зоран Заев.

„Струмица како Колумбија, над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма блиска на СДС и Зоран Заев

Скандалот со запленетата дрога во Струмица, потсетува на најмрачните периоди од светката криминална историја.

— реклама —

Над две третини од вкупно 27 тони дрога се поврзуваат со фирма која директно води до кадри и блиски соработници на СДС и кланот Заеви.

Станува збор за фирмата „ЦБД Медплант“, формално заведена на името на Христијан Котев, а фактички контролирана од неговиот татко Тони Котев -М’гчев, поранешен претседател на ОО Ново Село на СДС и човек со длабоки бизнис-врски со Вице Заев и Гидан Колев. Според наводите, во период од 30 јуни до ноември 2025 година, оваа фирма има „испорачано“ дури 19 тони марихуана кон скопска фабрика.

Лиценцата за одгледување марихуана за медицински цели на овие фирми во 2020 годинија ја дава владата на Зоран Заев и Филипче. Тогаш, владата на Заев и Филипче доделила лиценци на 2 фирми, „Еко Енерџи-Космос” од Ново Село и „Лајтинг Лукс” од Струмица, во сопственост на синот на Боро Малборо и Христијан Котев гореспоменатиот.

— реклама —

Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери.

ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш предупредуваше дека лиценците не се делат по закон туку по семејна и партиска блискост со Заеви.

— реклама —

Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа денес е тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.

Која е улогата на Зоран и Вице Заев во овој случај?

Зошто Заев лично се јавувал на телефони во Царинската управа и се интересирал за овој случај?

— реклама —

Колкав процент од овој скандал профитирале кланот Заеви?

Она што со години функционирало во Струмица очигледно било нарко картел со политичка заштита од СДС и Заев, по начинот на делување и однесување овој скандал потсетува на најмрачните периоди од светката криминална историја, но секој картел без разлика колку долго е заштитуван, на крај паѓа.

ЈО итно да отвори целосна истрага“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 39 минути

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 1 час

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања