Над 30 тони марихуана достигнала заплената во струмичкиот регион, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Во кругот на поранешниот хемиски комбинат ОХИС во Скопје, каде што е регистрирано седиштето на фирмата „Алфафарм ДОО Скопје“, одземени се нешто над 10 тони. Со ова, вкупната количина марихуана која е изнесена од двете локации изнесува околу 40 тони, што значително ги надминува првичните проценки дека во Скопје има девет, а во струмичко околу 18 тони.
Акцијата трае повеќе денови и сè уште не е целосно завршена. Засега нема информации за уапсени лица или повикани на информативен разговор.
Од двете локации излегоа десетици возила – комбиња, камиони, мини-камиони, патнички возила, а во струмичкиот регион за првпат беше ангажиран и шлепер, што укажува на обемот и тежината на запленетата дрога. На терен, покрај полицијата и истражителите, биле присутни и екипи на Царинската управа, како и медицински лица.
Оваа акција следува по настаните од пред неколку дена во Србија, каде што беа запленети пет тони марихуана, за кои српските власти соопштија дека потекнуваат од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Токму таа заплена, според сознанијата, била клучниот момент кој ја забрзал и проширил истрагата и на македонска територија.
Компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“ е регистрирана за производство и преработка на медицински канабис, а според податоците од Централниот регистар, во изминатиот период имало промени во сопственичката структура. Токму законитоста на производството, складирањето и трасата на движење на марихуаната се во фокусот на истражните органи.
Од МВР и од ОЈО ГОКК и понатаму не изнесуваат детали, со образложение дека постапувањето на терен е во тек. Официјални информации за бројот на осомничени лица, евентуални приведувања и квалификацијата на кривичните дела се очекуваат по целосното завршување на акцијата.
Според извори во истрагата, се проверуваат повеќе линии на одговорност – од евентуално незаконско производство, преку складирање, до шверц на дрогата надвор од државата. Со оглед на количините, случајот отвора сериозни прашања за институционалниот надзор врз производството на медицински канабис и можните пропусти на повеќе државни органи во изминатиот период.
(Видео) Србија ја тресе најголемата нарко-афера која води до Македонија: рекордна заплена на марихуана
Набавката на повеќе од пет тони марихуана oд територијата на Република Македонија е клучниот елемент во истрагата за најголемата заплена на дрога во историјата на Србија. Според српското Обвинителство за организиран криминал, организирана криминална група од почетокот на јануари до 29 јануари 2026 година во Македонија се стекнала со точно 5.002.079,18 грама марихуана, која потоа била транспортирана преку граница и пласирана на српскиот пазар.Како што наведуваат истражните органи, дрогата, по пл
Свет | пред 4 месеци