Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Нафтата достигна нов врв поради конфликтот на Блискиот Исток

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library06n17o41rd039MbAVnX
unsplash

Цените на нафтата продолжуваат да растат, достигнувајќи нов највисок праг од почетокот на воениот конфликт во Иран, што дополнително ги зголемува глобалните стравувања за стабилноста на енергетските пазари.

— реклама —

Цената на барел „брент“ сурова нафта утрово накратко достигна 118,74 долари, ниво што не е забележано од јуни 2022 година. Овој раст се случува во услови на интензивирани напади врз енергетска инфраструктура и сериозни нарушувања во транспортот на енергенси.

— реклама —
media-library80390nmuqr2t4GTh19O

Клучен фактор за поскапувањето е и состојбата во Ормутскиот теснец, преку кој минува околу една петтина од глобалната трговија со нафта и гас. Поради зголемената несигурност и ризиците за танкерите, снабдувањето е доведено во прашање.

— реклама —

Паралелно, цената на природниот гас во Европа порасна за 28 проценти. Најголемо влијание врз ова имаат последните израелски напади врз ирански гасни полиња, како и иранските напади врз гасна инфраструктура во Катар.

Иако цените сè уште не го достигнуваат максимумот од периодот по почетокот на војната во Украина, аналитичарите предупредуваат дека доколку конфликтот продолжи да ескалира, можно е дополнително нагло поскапување на енергенсите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 5 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања