Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Нафтата поскапува поради новите тензии меѓу САД и Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
nafta

Цените на нафтата бележат раст поради зголемените стравувања дека конфликтот меѓу САД и Иран би можел да продолжи, што дополнително го загрозува снабдувањето со енергенси. Неизвесноста е зголемена откако Иран најави поофанзивен пристап, а Вашингтон ја отфрли можноста за продолжување на привремениот прекин на огнот.

— реклама —

Напредокот во преговорите за прекин на конфликтот и повторно воспоставување на редовниот сообраќај на танкерите низ стратешкиот Ормуски Теснец засега е ограничен. Ограничениот број пловила што минуваат низ теснецот дополнително ги засилува стравувањата на пазарите.

Фјучерсите на суровата нафта „брент“ пораснаа за 27 центи, или 0,3 отсто, на 91,33 долари за барел. Американската нафта ВТИ поскапе за 42 центи, достигнувајќи 85,04 долари за барел.

— реклама —

Според аналитичарите, неизвесноста околу повторното отворање на Ормускиот Теснец е еден од главните фактори што ги поддржуваат повисоките цени. Податоците на „Кплер“ покажуваат дека во саботата низ теснецот поминале само пет товарни бродови, додека во неделата не бил регистриран ниту еден премин. За споредба, на почетокот на претходната недела биле регистрирани 31 брод.

— реклама —

Иран паралелно преговара со Оман за воспоставување безбедна рута за поминување на бродовите и тврди дека разговорите се блиску до договор. Сепак, тензиите во регионот продолжуваат, додека се појавија и информации за тајни комуникации меѓу Вашингтон и припадници на иранската Револуционерна гарда.

Последиците се чувствуваат и на пазарот на горива. Во САД маржата на дизелот надмина 100 долари за барел, што укажува на продлабочување на проблемите со снабдувањето. Меѓународната агенција за енергија претходно процени дека глобалната работа на рафинериите е намалена на 80,9 милиони барели дневно, што е за пет милиони барели дневно помалку од претходната година.

— реклама —

Дополнителен притисок создава и намаленото производство на дизел, бидејќи рафинериите во текот на летото го зголемија производството на бензин и авионско гориво. Русија, пак, поради недостигот предизвикан од нападите врз нејзините рафинерии, го продолжи ограничувањето на извозот на дизел до крајот на годината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nafta

Нафтата со најголем неделен пад од 2020 година, „брент“ се спушти под 91 долар

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Цените на нафтата се намалија по стравувањата од ескалација на Блискиот Исток

Свет | пред 1 седмица

evra

Скапата нафта и храната ја најавуваат 2027 како уште една година на високи трошоци за живот

Свет | пред 1 седмица

nafta-mazut

Нафтата поевтини: „Брент“ падна под 115 долари за барел

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања