Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Нафтата повторно тргнува кон Црвеното Море: Саудиска Арабија го обновува клучниот нафтовод

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarymnnfa8l573bvauqXfEn
Photo by Tomas Williams on Unsplash

Саудиска Арабија повторно започна со работа на нафтоводот Исток-Запад, со што извозот на сурова нафта од пристаништето Јанбу на Црвеното Море би можел да продолжи уште денес, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Според изворите, еден танкер подоцна денеска треба да биде натоварен во Јанбу, а според еден од нив, пратката ќе биде наменета за Кина.

— реклама —

Саудиска Арабија го користи овој нафтовод за пренасочување на околу четири милиони барели нафта дневно кон Јанбу поради нарушувањата во транспортот низ Ормускиот Теснец, предизвикани од војната на Блискиот Исток. Тоа количество претставува околу четири отсто од светската понуда на нафта.

— реклама —

Нафтоводот беше затворен по нападите со беспилотни летала на 13 септември, по што беа прекинати и испораките на сурова нафта од пристаништето Јанбу.

По повторното активирање, нафтоводот работи со намален капацитет. Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ настојува протокот да го врати на околу четири милиони барели дневно.

— реклама —

Сепак, според безбедносен извор, за целосно нормализирање на работата може да бидат потребни неколку недели.

— реклама —

Во меѓувреме, трговците се подготвуваат за обновување на саудискиот извоз, пренасочувајќи танкери кон египетските пристаништа Порт Саид и Сиди Керир, каде што е можен и пренос на нафта од еден на друг брод.

Веста за обновувањето на транспортот преку нафтоводот Исток-Запад влијаеше врз цената на нафтата. Цената на „брент“ во 17 часот беше пониска за 0,49 отсто и изнесуваше 99,820 долари за барел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Цените на нафтата се намалија по стравувањата од ескалација на Блискиот Исток

Свет | пред 5 дена

— реклама —
evra

Скапата нафта и храната ја најавуваат 2027 како уште една година на високи трошоци за живот

Свет | пред 1 седмица

nafta-mazut

Нафтата поевтини: „Брент“ падна под 115 долари за барел

Свет | пред 1 седмица

media-library3q60lle3ri7hcea4HuW

Пад на цената на нафтата на светските берзи, денес нова одлука за горивата во Македонија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања