Промени тема
Контакт

Најчевска за поддршката на Груби: Како да изградиме правна држава кога идоли ни се криминалци?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Коментари
media-libraryhiqebikuk3eobZmVKJw

Професорката по право Мирјана Најчевска остро реагираше по јавната поддршка што ја доби поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој својот 49. роденден го прослави во куќен притвор додека против него се води истрага за случајот „Државна лотарија“.

Во објава на социјалните мрежи, Најчевска го коментираше транспарентот поставен кај плоштадот „Скендербег“ со пораките „Среќен роденден кралу“ и „Кралот е назад“, како и честитките што Груби ги доби од негови поддржувачи.

„Како да изградиме правна држава кога на мнозинството граѓани независно од етничката припадност идоли им се криминалци? Тие не сакаат право. Сакаат држава во која ќе бидат криминалци кои не се казнуваат. Тоа е врвот“, напиша Најчевска.

— реклама —

Груби е осомничен во предметот за Државна лотарија, во кој Обвинителството го товари за проневера на 8,2 милиони евра. По 14 месеци поминати во Косово, тој неодамна се врати во земјава, по што беше приведен и спроведен во затворот „Скопје“ во Шутка.

— реклама —

Во притвор помина само неколку часа. Откако посочил дека не се чувствува безбедно во затворот, со одлука на судија на претходна постапка му беше определена мерка куќен притвор.

Основното јавно обвинителство сè уште нема соопштено дали против поранешниот вицепремиер ќе биде поднесен обвинителен акт. Истрагата останува во тек.

— реклама —
media-libraryve5qp6lafs067WoQmtU

(Видео) „Среќен роденден кралу“ – транспарент за Груби кај Мавровка, додека чека одлука за обвинение во куќен притвор

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби својот 49. роденден го дочека во куќен притвор, додека сè уште нема одлука дали против него ќе биде поднесено обвинение во предметот за Државна лотарија, во кој е осомничен за проневера на 8,2 милиони евра.По повод роденденот, на социјалните мрежи му беа упатени честитки, а поддршка доби и на улица. На надвозникот кај Мавровка, во близина на плоштадот „Скендербег“, беше поставен транспарент со порака: „Среќен роденден кралу“, по што следуваше и пораката „К

Македонија | пред 2 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

Најчевска за затворениот предмет за модуларните болници: За вакво нешто се тресе држава, а кај нас повторно ќе се заборави

Коментари | пред 2 дена

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

„Додека Јавното обвинителство и судовите не станат независни институции, секој криминалец кој ќе дојде на власт ќе биде заштитен“, вели Најчевска.

Македонија | пред 3 дена

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

„Создадовме општество во кое е нормално да си криминалец, но е забрането така да го наречеш“, жестока порака од Најчевска

Македонија | пред 5 дена

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

Најчевска: Поднесов пријава против Богојески за дискриминација, Комисијата молчи – можеби ќе реагира ако напишам дека го крши Охридскиот рамковен договор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања