Промени тема
Контакт

„Најчистиот простор се чисти, додека има депонии“, Најчевска со жестока критика за „Генералка викенд“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Коментари
media-libraryvv66fp731dfm22dtY8d

Повеќе од 1.000 млади, волонтери од земјава, но и од странство, ученици, вработени во јавните градски претпријатија, вчера од зад Владата на кејот на Вардар почнаа да го собираат ѓубрето како дел од акцијата „Генералка викенд“, што ќе трае три дена.

— реклама —

На волонтерите им се придружија претседателката Гордана Сиљановска, министерот за животна средина Муамет Хоџа и неговата заменичка Лашкоска, амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

— реклама —
— реклама —

Професорката Мирјана Најчевска остро ја критикуваше акцијата, оценувајќи дека станува збор за симболична активност без реален ефект врз проблемот со отпадот во државата.

— реклама —

„Поголема глупост не можам да замислам.

Тие ја имаат власта во свои раце. И организацијата наречена држава. И ништо попаметно не можат да смислат од тоа да собираат смет? На најчистиот простор во државата? Додека се множат отворени депонии? Дали и парите што ќе ги добијат за овој ден ќе бидат на ниво на некој што собира смет?

Ова е исто како да имаш на располагање авион, а ти тргаш на пат за Америка на сплав.

Кога ќе излезат амбасадорите на други држави во земјава да собираат смет, тие ѝ порачуваат на државата дека не си ја врши работата. А кога ќе излезе градоначалникот, па и претседателката, тоа значи дека немаат појма што им е работата.

Донесете ИНЦЕНЕРАТОРИИИ и легислатива со драконски казни и градоначалници што знаат како да се грижат за општината во која се избрани. Престанете да глуматате и да замајувате глуп народ“, напиша Најчевска.

media-library0c2a0vubsvbd88htyYN

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

Најчевска: „Не може да постои добронамерен бог, тоа е апсурд“

Коментари | пред 1 месец

— реклама —
media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

„Се дават во ѓубре, дишат загаден воздух, правосудството е корумпирано“: Најчевска прашува до кога

Коментари | пред 1 месец

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

Најчевска за затворениот предмет за модуларните болници: За вакво нешто се тресе држава, а кај нас повторно ќе се заборави

Коментари | пред 1 месец

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

„Додека Јавното обвинителство и судовите не станат независни институции, секој криминалец кој ќе дојде на власт ќе биде заштитен“, вели Најчевска.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања