Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

„Најдобро е да не се гледаме“, вели Мицкоски по средбата со Дамева од Судски, додавајќи дека тие барале да се сретнат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mickoski-1

Премиерот Христијан Мицкоски не сака да дозволи да се прават реформи во правосудството каде што судиите кои ги бирале Бихачќа и Речица, сега да ги бира оваа Влада. Тој посочува дека тие не сакаат да влијаат на било кој сегмент од бирањето на судии, па спремен е да се обезбеди автономен буџет, каде независно тело ќе ја прави контролата како тој се троши.

„Им кажав на двете госпоѓи дека можеби емитуваат убава енергија. Но, тоа што политичари и судии се гледаат, испраќа друга порака. Не треба да се гледаме. Најдобро е да не се отвора дискусија“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека се што е во негова моќ ќе направи за да има правда, бидејќи ниската доверба во правосудните органи е безбедносна закана.

— реклама —

„Довербата која граѓаните ја имаат е катастрофална ниска. Ако немате обвинители и судии кои обвинуваат по закон и Устав тогаш ќе немате ниту економска безбедност, ќе немате ни економска активност, а кога нема тоа, тогаш буџетот ќе нема приходи кои се потребни за развој. Тоа е суштината на системот. Ние се ќе направиме за да ја донесеме правдата. Нема граѓани од прв и втор ред. Тоа беше средба на нивно барање“, објасни Мицкоски.

— реклама —

Тој кажа дека Владата стои зад своите ставови, но ако има подобри предлози, ќе ги применат.

Според него, несериозно е да се каже како ќе се стигне до реформи по 40 минути. Сепак, посочи дека предлозите на Дамева ќе бидат разгледани.

— реклама —

„Тоа беше повеќе нарација... Како би требало да функционира сето ова во најдобра околина, ќе треба денови и денови да се разговара и да се создаде концепт кој ќе биде идеален“, додаде Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykr55q9kififhdQgNO2P

Стружанецот што го навредуваше Мицкоски во Ташмаруништа ќе одговара за насилство

Македонија | пред 7 часа

media-library8u2v229lbqr5bTPlu2n

Фрчкоски: Владата слави, граѓаните се соочуваат со проблеми

Македонија | пред 1 ден

media-library3a0ccpos32jk90uLdhb

(Видео) Мицкоски: Новиот социјален станбен објект во Дебар ќе обезбеди дом за семејства во социјален ризик

Македонија | пред 3 дена

media-libraryi8nc11fhp99ecwj2nqF

Мицкоски: Ова нема така да заврши, ќе следи истрага за случајот со Борче Марковски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања