Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Најмалку 14 загинати во експлозија во складиште со оружје во Сирија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarym6jdm66mog2la3xreoX
Unsplash / илустрација

Најмалку 14 лица загинаа, а 11 се повредени во експлозија во складиште со оружје и муниција во северозападната сириска покраина Идлиб, соопштија локалните власти.

— реклама —

Експлозијата се случила во близина на градот Сармада, а надлежните предупредија дека бројот на жртвите би можел да се зголеми. Сириското Министерство за одбрана соопшти дека експлодирало привремено складиште во кое било собрано оружје оставено од војната, пред неговото префрлање на други локации.

— реклама —

Од Министерството наведоа дека меѓу повредените има и неколку нивни припадници. Нивните единици, заедно со надлежните служби, работат на обезбедување на подрачјето.

Медицинските извори во Сармада претходно информирале за осум повредени лица. Спасувачките и итните служби продолжуваат да го пребаруваат местото на експлозијата и ја проценуваат причинетата материјална штета.

— реклама —

Несреќата се случи само неколку дена по слична експлозија во складиште со оружје во градот Биниш, исто така во Идлиб, во која имало жртви.

Во Идлиб и соседната покраина Алепо во изминатите години се регистрирани повеќе експлозии во складишта со оружје и муниција. Присуството на големи количества оружје оставено по долгогодишната војна претставува сериозна опасност за цивилното население во овие подрачја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytnerrd2v2s0l0PvcM24

(Видео) Експлозија во Ријад, евакуиран Меѓународниот аеродром „Крал Калид“

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarye7knrd0n4afs1WELeOh

(Видео) СДСМ: Бомба експлодирала во двор на вработен во МВР поврзан со кумот на Мицкоски

Македонија | пред 2 месеци

media-library09fbn3mn6tqk0Y2DEfk

(Видео) 16-годишна Британка загина во експлозија на туристички брод

Свет | пред 2 месеци

media-library3b6d66am36uc87aJuR4

Пет жртви во експлозијата во фабрика за бисквити во Грција – пронајдено телото на исчезната работничка

Свет | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања