СДСМ објави видео на кое, според партијата, се гледа експлозија на бомба во дворот на лице вработено во Министерството за внатрешни работи, за кое тврдат дека е поврзано со кумот на премиерот Христијан Мицкоски.
Од СДСМ поставуваат прашања зошто случајот, како што наведуваат, се крие од јавноста и која е неговата позадина.
„Зошто се крие од јавноста? Која е позадината?“, прашуваат од опозициската партија.
Од СДСМ најавуваат дека утре ќе објават дополнителни детали, за кои велат дека ги добиле од свиркачи.
Во објавата не се наведуваат дополнителни информации за тоа кога се случила експлозијата, дали има повредени или материјална штета, ниту пак има официјална потврда од надлежните институции за случајот.