Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) 16-годишна Британка загина во експлозија на туристички брод

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-library09fbn3mn6tqk0Y2DEfk
screenshot X

Шеснаесетгодишната Британка Аби Линтон, тренерка по навивачки спортови, загина откако туристички брод на кој се наоѓала со семејството експлодирал за време на нивниот одмор во Доминиканската Република.

Несреќата се случила на 27 јули, додека бродот ги враќал туристите од излет на островот Саона кон пристаништето Бајахибе. На пловилото имало околу 30 патници.

— реклама —

Аби се здобила со тешки изгореници и била пренесена во болница, но три дена подоцна починала. Нејзините сестра Карли и брат Бредли, исто така, биле повредени и сè уште се на болничко лекување.

Доминиканските власти соопштија дека во несреќата биле повредени вкупно 24 лица, од кои 11 биле задржани во болница поради изгореници. Причината за пожарот и експлозијата засега не е утврдена, а истрагата е во тек.

— реклама —

Еден од патниците, Навин Торес, кој се здобил со изгореници од прв степен, раскажал дека патниците најпрво слушнале силен звук, сличен на истрел, во моментот кога бродот нагло забрзал. Потоа следувала експлозија.

— реклама —

„Предниот дел од бродот експлодирал. Ми требале неколку секунди да сфатам што се случува, а огнот почнал да се шири кон мене и сопругата“, раскажал тој.

За помош на семејството е започната хуманитарна кампања, во која досега се собрани повеќе од 17.500 фунти.

— реклама —

Од Аби се прости и нејзиниот клуб „Swindon Lightning“, каде што тренирала и работела како тренерка. Од клубот ја опишаа како сакана членка на нивната заедница, позната по добрината, насмевката и поддршката што им ја давала на другите спортисти, тренери и семејства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3b6d66am36uc87aJuR4

Пет жртви во експлозијата во фабрика за бисквити во Грција – пронајдено телото на исчезната работничка

Свет | пред 6 месеци

media-librarynser3jouil780KDIzCf

(Фото) Експлозија во станбена зграда во Утрехт: Изби пожар и се урнаа повеќе згради

Свет | пред 6 месеци

eksplozija

Повредените деца во експлозија во Нови Винодолски не се во критична состојба

Свет | пред 8 месеци

media-librarygss9gdrr3g309GoecYV

(Видео) Полицијата откри кој ја поставил направата и ја снимил експлозијата кај училиштето близу Сплит

Свет | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања