Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Најмалку 31 загинат во жестоки израелски напади врз Либан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
liban-1

Најмалку 31 лице загинало, а 40 се повредени во силните израелски воздушни напади врз југот и истокот на Либан, соопштија денеска властите, откако Израел предупреди дека ќе ги засили операциите и покрај формалното примирје.

— реклама —

Либанското Министерство за здравство соопшти дека жртвите се последица на нападите извршени вчера.

Либански претставници наведоа дека Израел извел операции и на други локации низ земјата, вклучувајќи три напади во близина на вештачкото Езеро Караун, југоисточно од главниот град Бејрут.

— реклама —

Управата за реката Литани предупреди на „катастрофални ризици за населението, инфраструктурата и виталните објекти низводно“.

— реклама —

Караун е најголемото вештачко езеро во Либан, создадено со брана на реката Литани, и има клучна улога во снабдувањето со вода и електрична енергија во регионот.

Израелската армија утрово соопшти дека убила еден припадник на Хезболах во јужен Либан.

— реклама —

Откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави засилени напади и проширување на копнените операции, во Либан растат стравувањата дека израелските сили би можеле повторно да окупираат делови од земјата на подолг период, како што тоа го правеа во 1980-тите и 1990-тите години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп ја прекинува воената помош за Израел: „Доволно се богати сами да си купуваат оружје“

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 4 дена

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 5 дена

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања