Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Најмалку седум Палестинци загинаа во нови израелски напади врз Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library0717c2blum7jcMdOpag

Најмалку седум Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Појасот Газа, јавија локалните медиуми.

Палестинската новинска агенција ВАФА објави дека ракета погодила станбен објект во градот Газа, при што загинале две лица, меѓу кои и едно дете.

— реклама —

Во друг напад во централниот дел на Појасот Газа загинале уште две лица, меѓу кои и една жена, додека во воздушен напад врз станбена зграда североисточно од Кан Јунис животот го загубиле уште три лица, вклучително и дете.

— реклама —

Израелската армија соопшти дека ги проверува информациите за нападите.

Иако од октомври 2025 година е во сила примирје во Газа, смртоносните напади и вооружените судири продолжуваат. Израелската војска соопшти дека неодамна ликвидирала повеќе осомничени припадници на Хамас и Исламски џихад.

— реклама —

Според израелската армија, вчера бил убиен осомничен припадник на Хамас за кого се тврди дека учествувал во нападот врз кибуцот Нир Оз на 7 октомври 2023 година. Ден претходно, во посебен воздушен напад, бил ликвидиран и еден од командантите на Хамас.

— реклама —

Од израелската страна тврдат дека двајцата подготвувале напади врз израелски војници и дека биле погодени во прецизни воздушни напади, при што, како што наведуваат, биле преземени мерки за намалување на ризикот за цивилното население.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е постигнат договор за „целосно разоружување“ на Хамас, но ова тврдење засега не е потврдено од палестинското движење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп ја прекинува воената помош за Израел: „Доволно се богати сами да си купуваат оружје“

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 4 дена

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 4 дена

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања