Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Најмалку три жртви во израелски напади врз Газа, меѓу нив и две деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
gaza44

Најмалку три лица, меѓу кои две деца и една жена, загинале во израелски напад врз западниот дел на градот Газа, според информации од палестински медицински извори. Во одделен напад во централниот дел на Појасот Газа загинало и уште едно дете, објави Би-би-си.

— реклама —

Нападите следувале откако во областа била откриена операција на специјална единица. Според непотврдени локални информации, акцијата ја спровела палестинска вооружена група која има поддршка од Израел. По откривањето на операцијата, израелските сили започнале со гранатирање и воздушни напади.

— реклама —

Снимките од градот Газа покажуваат хаос и последици од нападите, а на нив се слуша и пукање.

Според првичните информации од теренот, специјална единица се инфилтрирала во густо населена област со комби и мотоцикли. Засега не е потврдено дали во операцијата директно учествувале израелски сили или палестинската група.

— реклама —

Локален извор за Би-би-си изјавил дека веројатна цел бил висок безбедносен функционер на Хамас. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, соопштил дека е уапсен висок функционер на организацијата, но не е потврдено дали станува збор за лицето што било цел на операцијата во градот Газа.

— реклама —

Израелската армија потврди дека погодила повеќе цели во Газа, со образложение дека целта била отстранување на заканите за нејзините сили. Од армијата соопштиле дека нема повредени израелски војници и дека биле изведени и напади со дронови за да се обезбеди извлекувањето на единицата од теренот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп ја прекинува воената помош за Израел: „Доволно се богати сами да си купуваат оружје“

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 4 дена

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 4 дена

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања